Градоначалникот Ногачески на средба со Здружението на инвалиди на трудот за Охрид и Дебрца
Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески денес оствари средба со претставници од Здружението на инвалидите на трудот за општините Охрид и Дебрца. На средбата беше разговарано за барањата од Здружението, како и заедничката соработка со Општината.
Градоначалникот Ногачески ја изрази неговата определба за поддршка на активностите на Здружението, кои се или ќе бидат инкорпорирани во годишните програми на општината.