26/11/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески организираше прием за децата по повод Детската недела

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески организираше свечен прием за децата од ОУ Дебрца, во рамки на одбележувањето на Детската недела која се одржува под мотото „Градиме мостови, чекориме напред“.

На приемот, Ногачески ги запозна учениците што преставува општината и им посака многу здравје и успех во образованието. Децата побараа повеќе детски рекреативни игралишта и реквизити, за што градоначалникот нагласи дека согласно планот и програмата за подобрување на образовниот процес веќе се предвидени такви проекти.

Годинава, во рамки на одбележување на Детската недела, во ОУ Дебрца предвидено е да се оддржат повеќе манифестации во сите подрачни училишта.