22/11/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески оствари работна средба со министерот Димковски и директорот Бабоски

Денес градоначалникот Зоран Ногачески оствари работна средба со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Градоначалникот гостите ги запозна со проектите кои општината ги реализира преку програмата за рурален развој.

На средбата се разговараше и за состојбите и проблемите кои ги имаат земјоделците во општината.

Од страна на Директорот на АФПЗРР беше информиран дека денес е објавен повикот за мерката “Млад земјоделец”, со која државата доделува неповратна финансиска поддршка од 20.000 евра.