23/11/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески оствари средба со претставници од Месните заедници и Црковните одбори во општина Дебрца

Градоначалникот Ногачески деновиве оствари средба со месните заедници и црковните одбори во општина Дебрца.

„Тргнувајќи од нашата заложба да обезбедиме ефикасна граѓанска партиципација во процесот на креирањето на локалните политики и да го зголемиме непосредното учество на граѓаните во носење на одлуките на локално ниво и во контрола на спроведувањето на усвоените политики и одлуки денес остварив работна средба со претставници на месните заедници од општината Дебрца.

Преку транспарентен и интерактивен пристап разговаравме за сите приоритетни проблеми во месните заедници, со цел истите да ги детектираме и пристапиме кон подготовка на инвестиционо-технички документации, поднесување на апликации за обезбедување на финансиски средства и имплементација на проектите.

Голем дел од денес изнесените проблеми веќе се составен дел на годишните програми на општината, некои допрва ќе бидат земени во предвид, а некои ќе почекаат подобри времиња.

Приоритетите на месните заедници треба да ги утврдат непосредно граѓаните, а не да бидат наметнати решенија од локалните или централните власти.

Во секој случај, имавме една плодна дебата и практика која ќе ја продолжиме и во иднина.“- истакна градоначалникот Ногачески.