22/11/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески со честитка по повод 23ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески испрати честитка по повод 23ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

„Денес, 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ден кога е формирана Македонската револуционерна организација.

Славејќи го овој ден, ја празнуваме идејата на македонските револуционери за самостојна и независна Македонија која денес ја живееме во сопствена, независна државa.“ – стои во честитката.