23/11/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески учествуваше на две работилници во Струга

Вчера градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески присуствуваше на два настани во Струга.

На работилницата за фондовите и програмите на ЕУ, Никола Бертолини, Раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ ги презентираше можностите за нивно искористување на локално ниво.

На регионалната конференција „Партнерства за забрзана децентрализација, инклузивен и одржлив раст“ која се организира во рамки на проектот „Унапредување на општинското владеење“ финансиран од страна на Европската унија, а спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии низ отворен дијалог се разговараше за релевантни прашања поврзани со процесот на децентрализација вклучувајќи го финансирањето на единиците на локалната самоуправа, испораката на локалните услуги и улогата на урбаните и месните заедници, како и можностите за поддршка на општините од страна на Европската унија, УНДП и од други извори.

Меѓу другото, на оваа конференција УНДП го презентира и новиот Фонд за техничка документација наменет за општините.