Градоначалникот Ногачески утре во Собранието ќе биде дел од Надзорната расправа на Комисијата за култура
Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески утре, во Собранието на Република Македонија ќе учествува на Надзорната расправа на Комисијата за култура на тема „Законот за управување со Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство“.
„Уште една убава можност во моето излагање да потенцирам дека нема заштита на Охридското Езеро и Регионот, како светско природно наследство ако се реализира штетниот проект за изградба на регионална депонија во Дебрца, односно во сливот на Охридското Езеро.“- напиша градоначалникот Ногачески на својот ФБ профил.