22/11/2024
Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков дел од Форумот на градоначалници 2022

Во Женева, во седиштето на Обединетите нации, се одржа  вториот Форумот на градоначалници 2022 година, на кој учествува и градоначалникот Кирил Пецаков.

На форумот учествуваат градоначалници од повеќе градови, кои го пренесуваат своето искуство, знаење и идеи за одржлив развој.

Градоначалникот Пецаков, имаше своја презентација на темата „Енергични јавни површини, зелен град и решенија базирани врз природата“. Во своето излагање, градоначалникот ги истакна придобивките од користењето на природни материјали во реализацијата на инфраструктурните проекти, реализација на концептот „Зелен град“ и намалување на сообраќајот во строгиот центар.

Модератор на форумот беше Ерион Велијај, градоначалник на Тирана,  а поздравни обраќања имаа Татиана Валоваја, Генерален директор на UNOG, Олга Алгајерова, извршен секретар на UNECE, Маимунах Мохд Шариф, извршен директор, UN Habitat, Сами Канан, заменик градоначалник на Женева, Норман Фостер, Архитект и Јан Тод, специјален претставник на ОН за безбедност на патиштата.

Свои презентации имаа градоначалниците од 45 градови учесници на форумот.