Градоначалникот Пецаков дел од обуката за обезбедување кохезија – градење соработка, транспарентност и отчетност во општинското управување
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, заедно со членовите на Советот на Општина Охрид, Секретарот на Општината и претставници од општинската адиминистрација присуствуваа на Обука за обезбедување кохезија – градење соработка, транспарентност и отчетност во општинското управување. Обуката се одржа во организација на National Democratic Institute & OSCE Mission to Skopje.
„Цврсто сме одлучни за поттикнување политички дијалог, инклузивно креирање политики и инклузивен процес на носење на одлуки – улоги и одговорности, соработка и консензуално носење на одлуки.“ – истакна Пецаков.