26/11/2024
Охрид

Градоначалникот Пецаков оствари средба со делегација од Полска

Градоначалникот Кирил Пецаков, синоќа, оствари плодотворна средба со делегација на Република Полска. Полската делегација беше составена од владини претставници, претставници на бизнис заедницата и стопанската комора.

На состанокот исто така беа присутни и генералните менаџери на најголемите компании во охридскиот регион, како и претставници на туристичкиот сектор во градот и претставници на агенцијата за промоција на туризмот.

Средбата која се одржа на иницијатива на градоначалникот беше искористена за размена на идеи и мислења, како и понуда на конкретни соработки во повеќе области. Тука се разговараше за овозможување на услови за привлекување на полски инвеситции во делот на управување, селектирање и рециклирање на комунален и друг вид на отпад, инвестиции во енергетската област. Понатака стана збор и за директно поврзување на Општина Охрид со некои општини во Полска, преку потпишување на меморандуми за соработка од кои ќе произлезат соработки во областа на културата и образованието.

Исто така се разговараше и за унапредување на веќе добарата соработка во областа на туризмот, пришто од страна на претставникот на агенцијата за промоција на туризмот беа презентирани бенефициите кои би ги имале полските туроператори доколку работат на македонскиот пазар.

Соговорниците се сложија овој тип на состаноци треба да продолжи и продлабочи и понатака.


WebOhrid / 28.09.2023 / Општина Охрид