Градоначалникот Пецаков оствари средба со охриѓанецот кој е дел од македонската „Кантер страјк“ репрезентација
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари средба со младиот охриѓанец Александар Ќулукоски, член на Македонската „Кантер страјк“ репрезентација, која го освои првото место на Светското е-спорт првенство кое се одржуваше во Израел, во ноември минатата година.
На средбата се разговараше за условите за развој на електронскиот спорт (е-спортот) во Охрид, како една нова спортска дисциплина која веќе доби и официјално признание од Агенцијата за млади и спорт, на ниво на нашата држава.
Градоначалникот Кирил Пецаков во името на Општина Охрид на младиот Ќулукоски му врачи еднократна парична помош од 30.000 денари како поддршка и мотив за поголеми успеси на понатамошните натпреварувања.
Александар Ќулукоски се натпреварува под псевдонимот „CacaNito“ и заедно со македонска репрезентација се очекува да се натпреварува на Европското првенство и на Меѓународниот турнир од светски ранг во Дубаи.
WebOhrid / 10.02.2022 / Општина Охрид