22/11/2024
Охрид

Градоначалникот Пецаков оствари средба со претставници на Охрид SOS

Градоначалникот Кирил Пецаков, оствари средба со претставници на „Охрид СОС“. Целта на средбата беше во насока на воспоставување подобра комуникација која ќе резултира со идеи и проекти кои ќе бидат во интерес на градот.

На средбата градоначалникот ги информираше за тековните проекти што се реализираат, како и за идните проекти и за активностите кои се преземаат за заштита на животната средина во текот на нивната реализација. Дискутирани беа повеќе идеи и предлози кои претставниците на „Охрид СОС“ ги презентираа.

Заеднички беше констатирано дека ваквите средби треба да станат пракса, додека потребата за воспоставување на конструктивен дијалог е во интерес на граѓаните.


WebOhrid / 10.12.2021 / Општина Охрид