Градоначалникот Пецаков присуствуваше на свеченото отворање на компанијата „Магна Мирорс“
Во техолошко индустриската зона во Мислешево, денеска, официјално беше отворена канадската компанија „Магна Мирорс“. На свеченоста присуствуваа градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.
Вредноста на инвестицијата е околу 35 милиони евра, се простира на површина од 17 илјади метри квадратни, а бројот на вработени ќе надминува 1000.
„Магна интернационал“ е канадска компанија со глобално седиште во Онтарио-Канада, која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти.
WebOhrid / 12.10.2022 / Општина Охрид