23/11/2024
Охрид

Градоначалникот Пецаков во обиколка на неколку градежни активности во стариот дел на градот

Активности за реконструкција на плочките на улицата „Климентов Универзитет“ се одвиваат деновиве. Градоначалникот Кирил Пецаков, изврши увид на градежните зафати, кои ги извршува фирмата „Бокоп“. Предвидено е реконструкција на плочките да се изврши на повеќе локации низ Стариот дел на градот каде има потреба.

На улицата „Бранко Шотра“ активностите за изведување на нова водоводна линија завршија. Со цел подобрување на квалитетот во водоснабдувањето, се постави нов цевковод од полиетиленски материјал во должина од 66 метри, вклучувајќи и поединечно  преприклучување на сите објекти од улицата во новата линија.

Целосно завршија активностите фугирањето на потпорните ѕидови. Овој зафат придонесува кон превенција од оштетување и рушење на ѕидовите.

Gradezni_aktivnosti_01032022001Gradezni_aktivnosti_01032022002


WebOhrid / 01.03.2022 / Општина Охрид