27/11/2024
Охрид

Градоначалникот Пецаков во обиколка на тековните инфраструктурни проекти

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска направи увид на дел од градежните активности за подобрување на комуналната инфраструктура кои се реализираат со средства од буџетот на Општина Охрид.

Беше извршена посета на новоизградениот резервоар за вода во село Подмоље, каде што градежните активности се во финална фаза и се поставува нов цевковод. Резервоарот има капацитет од 100 метри кубни и со неговото ставање во функција ќе се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето на жителите од ова населено место. Вредноста на проектот е 3.117.752 денари.

Исто така, градоначалникот Пецаков направи увид на активностите за изградба и уредување на коритото на реката „Сушица“, на улица „Српница“, од пресекот со улица „15-ти Корпус“ во должина од околу 200 метри. Вкупната инвестиција за овој проект изнесува 4,2 милиони денари.

За изведување на градежните активности на двете локации ангажирана е фирмата ДОО „Бокоп“.