Градоначалникот Пецаков во посета на Дневниот центар „Зраци“
По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, 3-ти декември, градоначалникот Кирил Пецаков денеска беше во посета на Дневниот центар за лица со посебни потреби „Зраци“.
Со вработените кои секојдневно се ангажирани за грижа на лицата со попреченост, градоначалникот разговараше за начинот на функционирање и тековните потреби на центарот.
Градоначалникот потенцираше дека Локалната самоуправа продолжува со обезбедување на финансиска поддршка за овој центар од општинскиот буџет и дека ќе вложи напори за овозможување на редовни приходи за ангажираните воспитувачи и негуватели.