Градоначалникот Стојаноски ги посети пензионерите од Охрид и Дебрца
Градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стојаноски претпладнево беше во посета на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Во срдечна атмосфера првиот човек на градов ги слушна проблемите на пензионерите кои беа пријатно изненадени од неговото гостување.
На средбата се разговараше и за потпишување на меморандумот за соработка меѓу Општина Охрид и Здружението на пензионери, а се разгледаа и можностите за бесплатен превоз на лицата од трета доба низ градов и селските средини.
Од страна на градоначалникот Стојаноски беше истакнато дека Локалната власт ќе ги подржува проектите на охридските пензионери кои се во насока на продлабочување на соработката со сродни здруженија од збратимените градови со Охрид.