Градоначалникот Стојаноски ги посети учениците од ОУ„Кочо Рацин“ и ОУ „Христо Узунов“
Градоначалникот Јован Стојаноски, денес, на првиот училиштен ден ги посети учениците од ОУ „Кочо Рацин“ и ОУ „Христо Узунов“.
На самиот почеток на новата учебна година, градоначалникот Стојаноски, на сите ученици им посака да имаат успешна учебна година, проследена со високи оцени и нови другарства.
Во ОУ „Христо Узунов“, градоначалникот присуствуваше на свечената приредба што по повод почеток на учебната година ја одржаа учениците.
Во учебната 2018/19 во училишните клупи ќе седнат 483 првачиња, 4706 основци и 2019 средношколци.