Градоначалникот Стојаноски имаше интервју за „EUROPA MAGAZIN“ од Брисел
На барање на медиумската куќа „Europa Magazin“ од Брисел, градоначалникот Јован Стојаноски, даде интервју во кое посебно се осврна на сегашната и идната регионална, транс-гранична соработка помеѓу Македонија и Грција.
Општина Охрид како што рече градоначалникот Стојаноски успешно имплементира неколку транс-гранични проекти со Универзитетот во Солун и општината Воден, а е вклучена и во големите проекти за заштита на Охридско – Преспанскиот биосферен резерват, како и управувањето со Дримскиот басен.