Градоначалникот Стојаноски се сретна со австралиската амбасадорка Фини
Денес градоначалникот Јован Стојаноски оствари средба со ополномоштениот амбасадор на Австралија во нашава земја, Џулија Фини. Австралиската амбасадорка се интересираше за актуелната ситуација во Општина Охрид и работата на локалната самоуправа. Градоначалникот Стојаноски ги истакна приоритетите на локалната самоуправа, пред се напорите во санирањето на финансискиот долг на општината, трајно и одржливо решение за колекторскиот систем и урбано планирање во функција на развојот на Охрид.
Австралиската амбасадорка изрази подготвеност, амбасадата да поддржи одредени проекти за организациите и лицата со посебни потреби, а ја најави и можноста во текот на септември да се аплицира на објавата на амбасадата за проекти кои ги третираат човековите права.