23/11/2024
Охрид

Градоначалникот Стојаноски учесник на осмиот собир на европските корисници на „CAF“ моделот

Градоначалникот Јован Стојаноски, беше дел од осмиот собир на Европските корисници на COMMON ASSESSMENT FRAMEWORK (CAF) моделите што се применуваат во јавната администрација, кој се одржа во Софија, Република Бугарија.

На собирот од страна на учесниците беа презентирани успешни примери од функционирањето на европската администрација, како и совети за подобрување на работењето на администрациите.

„CAF“ моделот, до крајот на 2017 година е имплементиран во 55 држави, односно во административното работење на 3970 организации од јавниот сектор.  Имплементацијата на „CAF“ моделот, општина Охрид го започна во 2013 година.