23/11/2024
Охрид

Градоначалникот Стојаноски во посета на Котор и Будва

Градоначалникот Д-р Јован Стојаноски, деновиве учествуваше на свеченостите по повод одбележувањето на ослободувањето на црногорските градови Котор и Будва од фашистичкиот окупатор.

Во рамките на посетата градоначалникот Стојаноски имаше официјални средби со градоначалникот на Котор, Владимир Јокиќ и градоначалникот на Будва, Драган Краповиќ, на кои се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка. Соработката се темели на потпишаните документи за збратимување со Будва и протоколот за соработка со Котор.