Градоначалникот Георгиески со честитка по повод 7-ми април, Светскиот ден на здравјето
Најголемиот здравствен предизвик во историјата на човештвото ни покажа дека здравствените работници се нашите најхрабри херои. Преку својот неуморен хуман ангажман, повеќе од една година го ставааат на располагање целокупниот човечки и професионален капацитет и затоа заслужуваат највисоко вредување и почит. Тие се најсилниот столб на нашиот здравствен систем и најважната алка во здравствената заштита.
Во мое лично име и во името на Општина Охрид до сите здравствени работници кои се посветени на грижата за здравјето и животот на граѓаните упатувам неизмерна благодарност и искрени честитки по повод 7-ми април, Светскиот ден на здравјето!
Ви посакувам пред се добро здравје, сила и истрајност со желби за многу успеси и подобри услови за работа!, вели градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.