16/09/2024
Охрид

Граѓаните кои од 15 март до 14 мај поднеле барања, новите лични документи може да ги подигнат секој работен ден од 07:30 до 19:30

Отсекот за управни работи при СВР Охрид, ги информира граѓаните кои во периодот од 15.03 до 14.05.2024 година, поднеле барања за замена на старите лични карти, патни исправи и возачки дозволи, со нови лични документи, дека истите можат да ги подигнат во просториите на одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Тоа, можат да го направат секој работен ден од 07:30 до 19:30 часот.

Отсекот за управни работи при СВР Охрид, секојдневно ги прима и навремено ги процесуира сите барања за вадење нови лични документи што ги доставуваат граѓаните со цел, забрзување на постапката и брзо решавање на апликациите доставени од граѓаните.


WebOhrid / 27.05.2024 / СВР Охрид