Граѓански форум со претставници на месните заедници
Вечерва со почеток во 19 часот во малата сала на Општина Охрид ќе се одржи граѓански форум на кој ќе учествуваат претставници од Општина Охрид и од месните заедници.
Целта на средбата е да се слушнат предлозите и барањата на граѓаните од руралните средини и истите да се имаат во предвид при креирањето на општинскиот буџет за 2020 година.
На средбата ќе присуствуваат претставници од Секторите за Финансиски прашања и Комунални дејности сообраќај и улици и претставници од Советот на Општина Охрид.