22/11/2024
Македонија

Гран-при наградата од „Мал битолски Монмартр“ оди во Чешка

Млади ликовни уметници од 34 држави во светот испратиле ликовни творби за годинешната меѓународна ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“. Како што вели раководителот на манифестацијата Коста Хаџи Антоновски,годинава најбројни се апликантите од азиските држави…

„Во Битола пристигнаа над 11.000 цртежи од 350 училишта во светот и тоа е импресивен податок. Во ова големо богатство е вложен голем труд и тоа беше проблем за селектирање и жирирање. За жал, мал е бројот на ликовни творби од ученици од Македонија, и ниту еден од Битола“, изјави Хаџи Антоновски.

Со одлука на организаторот гран-при наградата за најдобра ликовна колекција ќе ја добијат ученици од Чешка, а наградата за животно дело ќе отпатува во Индија за ликовен педагог од Хадерабад.

Од детското ликовно студио потврдија дека и годинава како гостин во Битола, најбројна ќе биде делегацијата од Хонг Конг, но гости ќе има и од други држави кои освен во Битола ќе творат и во Охрид и Крушево.