ГРК Охрид го совлада РК Скопје со 40:24 во полуфиналето од Купот
ГРК Охрид го совлада РК Скопје утрово во салата „Билјанини Извори“ со конечен резултат 40:24, во рамки на првото полуфинале од Купот на Македонија, група 4.
Најефикасен во редовите на Гладијаторите беше Никола Ристевски со постигнати 10 погодоци.
Статистика ГРК Охрид: Андоновски, Мацуока 2, Јукиќ 1, Лангоски 1, Стоилевски 4, Дрогришки 3, Пелидија 1, Шипинкоски 7, Ристевски Бобан 1, Никола Ристевски 10, Николоски 1, Тасески 3, Шафранко, Орјоникидзе, Бојаниќ 5.
„Гладијаторите“ обезбедија пласман во финалето што ќе се игра вечерва во 19:30 часот во салата „Билјанини извори“.
WebOhrid / 23.03.2024 / ГРК Охрид