26/11/2024
Охрид

Грозданоска: Ќе овозможиме одблокирање на сметката на Општината, која е блокирана околу 16 години

СДСМ и коалицијата „Најдоброто за Охрид“ денес одржа прес-конференција на која се обрати кандидатката за советник, Милена Грозданоска.

„Почитувани охриѓани, наши сограѓани. Враќањето на финансиската стабилност беше еден од најважните приоритети на оваа локална власт и благодарение на поддршката и помошта од Владата на Република Северна Македонија, преку напорен, исклучително одговорен ангажман и домаќинско работење за само две години долгот на општината е намален за повеќе од една милијарда денари. Во 2017 година, долгот на Општина Охрид изнесуваше околу 1,6 милијарди денари, а денес изнесува околу 295 милиони денари.

Веќе е започната постапка преку која општината ќе го исплати преостанатиот дел од сумата што е евидентирана како неисплатен долг и од која, врз основа на извршни решенија секојдневно се генерираат нови обврски за подмирување. Со оваа постапка ќе овозможиме одблокирање на сметката на општината, која е блокирана околу 16 години.

Продолжуваме посветено на овој процес сите финансиски препораки и релевантни експертски анализи. Тоа ќе биде една добра основа за развој и напредок на општината, на сите полиња.

Обезбедивме квалитетно, функционално и домаќинско работење на сите општински јавни претпртијатија. Продолжуваме понатаму да креираме стратегија за соодветно доопремување на општинските претпријатија со цел да овозможат поквалитетни и побрзи услуги за граѓаните.

Го продолжуваме започнатиот процес на набавка на сите потребни градежни машини и опрема за работниците. Воведуваме нов дигитален систем за контрола и пријавување на дефекти на водоводната и фекалната мрежа како и други инфраструктурни проблеми.

Ќе воведеме нови и посовремени практики на планирање на работните активности и дополнителни нови содржини во програмите за работа.

Воспоставуваме квалитетен менаџмент на јавните препријатија врз основа на систем на успешност и капацитети, а вработените ќе бидат дополнително мотивирани и обучувани за подобри резултати во работењето. 

На 17-ти октомври да го избереме најдобриот концепт за развојот на нашиот град. На 17-ти октомври да го заокружиме бројот 12 и заедно да продолжиме да одиме напред! Да гласаме за нашиот градоначалник Константин Георгиески и советничката листа на коалицијата „Најдоброто за Охрид“.“ – истакна Грозданоска.