25/11/2024
Македонија

Груевски: На 23 декември да имаме избор што ќе биде без никаква дамка, потоа да продолжиме со здружени сили

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во врска со претстојниот партиски конгрес денеска изјави дека во моментот има внатрепартиска кампања и, како што рече, кога има внатрепартиска кампања има се и сешто.

„Јас слушнав дел од тие забелешки и затоа се произнесов на мојата Фејсбук страна. Испратив одредени пораки, после кои што се надевам дека работите се малку потсредени“, рече Груевски.

Посочи дека кога има повеќе заинтересирани, секогаш има и по некој незадоволен.

„Важно е да се почитуваат, бидејќи после 23 декември ќе треба да соработуваат и да бидат на иста страна, да не ги поведат емоциите, туку разумот. На 23 декември да имаме избор што ќе биде без никаква дамка и од 24 декември натаму со здружени сили партијата да продолжи и што е можно побрзо да се врати на власт“, изјави Груевски пред Кривичниот суд по одложувањето на рочиштата за предметите „Траекторија“ и „Насилство во Центар“, во кои тој е еден од обвинетите.