22/11/2024
Охрид

Хит комедијата „Секс, лаги и љубомора“ на репертоарот на 14-ти и 15-ти март

Повторно на барање на публиката хит комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, на репертоарот во деновите 14-ти (четврток) и 15-ти (петок) март 2024 година, со почеток во 20:00 часот цена на карта 250 денари, мала сала!

Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска Јандреовска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак.

Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.

Напомена: Билетите се пуштаат на билетара во понеделник 11.03.2024 година, од 09:00 до 19:00 часот, резервации за претставата не се примаат и се продаваат само на билетара по принцип ПРВ ДОЈДЕН-ПРВ УСЛУЖЕН (една личност може да купи најмногу 6 карти).


WebOhrid / 11.03.2024 / НУЦК „Григор Прличев“ Охрид