01/02/2025
Охрид

Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети на репертоарот во понеделник (23 септември)

Почитувани вљубеници на театарската уметност, Охридскиот театар новата театарска сезона ја започнува на 23 септември 2024 (понеделник) со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски.

Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Тодороска, Адријана Билаловиќ-Вељаноска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак.

Претствата се игра со почеток во 20:00 часот, цената на билетот е 300 денари.

Напомена: Билетарата работи секој работен ден од 10:00 – 17:00 часот, резервации за претставата не се примаат и се продаваат само на билетарата.


WebOhrid / 17.09.2024 / НУЦК „Григор Прличев“ Охрид