Хортикултурно уреден просторот околу прес-контејнерот на Богомилска
Уште едно катче хортикултурно се уреди во нас. „Христо Узунов“. По расчистувањето на дивата депонија околу прес-контејнерот на ул.„Богомилска“ хортикултурно се уреди околниот простор, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
„Со специјална механизација теренот е обработен и израмнет, поставени се граничници и подлога од декоративен камен и засадени жива ограда и декоративни зимзелени садници.“– додаваат од претпријатието.