Хуманитарен концерт за лицата со Даунов синдром
Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ вечерва, со почеток 20 часот во Македонската опера и балет ќе одржи хуманитарен концерт наменет за лицата со Даунов синдром…
На концертот, покрај нашиот ансамбл кој е симбол на македонската култура и уметност и амбасадор и презентер на македонското фолклорно творештво, ќе настапат и членовите на Ансамблот „Пирин“ од Благоевград, Бугарија.
Средствата собрани од продажба на влезниците ќе бидат наменети за доопремување на Центарот за рехабилитација на лица со Даунов синдром, во изведба на Министерство за труд и социјална политика и Здружението „Трисомија 21“ – Скопје. Покровители на настанот се Амбасадата на Бугарија во нашата земја и Министерство за култура.