26/11/2024
Охрид

Хуманитарна акција на Црвен крст Охрид за помош на 11 годишно девојче кое боледува од леукемија

Охриѓани пред уште еден хуманитарен предизвик за помош на 11 годишна наша сограѓанка која боледува од леукемија и потребно е да и се изврши итен оперативен зафат за пресадување на коскена срж. За операцијата која ќе се изведува во Германија потребни се финансиски средства.

Црвен крст Охрид започнува хуманитарна акција за собирање на финансиски средства за операцијата и на повеќе локации во градот Мaркети, кафулиња, хотели ќе постави собирни кутии со знакот на Црвен крст во кои секој ќе може да донира финансиски средства според своите можности и желба.

Својата хуманост со донирање во собирни каси на Црвен крст Охрид ќе можат да ја изразат и посетителите на театарската претстава Просветителска импровокација во четврток, 24.05.2018 во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, како и публиката на концертот на групата Мизар на Градскиот плоштад во Охрид кој ќе се одржи вечерва во 20 часот. Во петок, 25.05.2018 со почеток во 18 ч. на Градскиот плоштад Св.Климент Охридски младите охридски музички таленти ќе одржат хуманитарен концерт.

Може да се донира и на следната жиро сметка 210-7000006464-47 во НЛБ Тутунска банка.

Да се мобилизираме во хуманоста и помогнеме да се спаси еден млад човечки живот.