Хуманитарна продажна акција на охридскиот плоштад за Новогодишните празници
Традиционално и оваа година волонтерите на Црвен крст Охрид изработија голем број новогодишни украси и сувенири кои во рамки на бројни хуманитарни продажни акции за Новогодишните празници ќе бидат достапни на нашите сограѓани. Акцијата ќе се одржи утре на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ каде од 13:00 ч. волонтерите на Црвен крст Охрид од Програмата за грижа за стари лица ќе ги продаваат прекрасните новогодишни уникатни, рачно изработени креации.
Средставата собрани од хуманитарната продажна акција ќе бидат наменети за купување на Новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства.
Декември е месец на дарување. Бидете хумани и дарувајте.