Хуманитарно велосипедско возење во сабота во Охрид
Во рамки на Програмата за промоција на хумани вредности – Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА) ПХВ тимот на млади на Црвен крст Охрид организира Хуманитарно велосипедско возење за сите љубители на природата и здравите животни навики. Настанот ќе се реализира на 14.04.2018 г. (сабота) со тргнување во 11 часот од платото пред Градското пристаниште во Охрид, а ќе се вози покрај езерото до Горица 3 (плажа Немо) и назад до Градското пристаниште. За сите учесници организаторот обезбеди соодветно освежување.
Велосипедското возење има и хуманитарен карактер, а со средствата кои ќе се соберат со купувањето на учесничкиот талон во вредност од 100 денари ќе се помогне на ученици од социјално-загрозени категории да одат на екскурзија низ Македонија со своите врсници од основните училишта.
Хуманите охриѓани од сите возрасти можат да бидат дел од овој хуманитарен настан.