22/11/2024
Охрид

И членовите од РК „Вардар Седмерец“ дел од кампањата за поддршка на лицата со ретки болести

Членовите на Ракометната школа Вардар Седмерец од Охрид денеска се приклучија на глобалната кампања за поддршка на лицата со ретки болести.

„Со нашето учество во оваа кампања сакаме да им дадеме поддршка на сите дечиња од целиот свет кои боледуваат од ретки болести побрзо да оздрават“ – изјави Марија Шапкароска член на школата.

„Ние секогаш ќе поддржуваме вакви кампањи кои што се за општо добро на сите луѓе во светов и со тоа сакаме да им покажеме на младите генерации како треба да функционираат понатака во својот живот, да бидат хумани и да помагаат на сите“- изјавија тренерите на РШ Вардар-Седмерец.

„Голема благодарност до Анета Јованоска која со нејзините вредни раце ни помогна оваа кампања да успешно да ја реализираме“ – додаде проф. Катерина Стојаноска, тренер во Ракометната школа.

WebOhrid