23/11/2024
Македонија

И годинава АХВ дел од светскaта кампања за борба против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и оваа година се приклучува кон глобалната кампања за одбележување на Светскиот ден на борба против беснило – 28 септември. По тој повод, утре, сабота, 29 септември 2018 година, пред Школка во Градски парк, Скопје, од 10:30 до 13:00 часот, Агенцијата во соработка со Ветеринарната комора на Македонија од организира промотивно – едукативен настан за подигнување на јавната свест за беснилото и важноста за вакцинација на домашните миленици како една од превентивните мерки за спречување на ширење на оваа болест која е опасна и за човекот.

Ветеринарните друштва учесници на настанот, од 10:30 до 13:00 часот ќе вршат бесплатен преглед на домашните миленици и ќе даваат совети за заштита на нивното и здравјето на нивните сопственици.

На настанот ќе бидат презентирани едукативни видео материјали за превенција на беснилото, за најмладите и дечињата од СОС Детско село ќе се организира едукативна работилница – ликовна академија на тема “Јас и мојот миленик”. Присутните ќе ги забавуваат DJ и музичка група.