20/02/2025
Охрид

„И јас и ти сме пешаци“ – превентивна кампања на СВР Охрид

Вчера (17.02.2025), Отсекот за превенција при СВР Охрид, реализираше превентивно-едукативната кампања под мотото – „И јас и ти сме пешаци“, чија што цел беше подигнување на степенот на безбедносна култура кај пешаците, како учесници во сообраќајот, за одговорно однесување и зголемена внимателност при преминување на коловозите со интенција да се придонесе за повисока безбедност во сообраќајот и избегнување на сообраќајни незгоди.

Притоа, полициски службеници од Отсекот за превенција, во соработка со Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата – Охрид, на повеќе сообраќајници во градот, остварија непосредна комуникација со пешаците и им укажуваа на доследно придржување кон правилата и прописите за безбедно преминување на коловозната лента и исклучиво користење на тротоарите и обележаните пешачки премини, целосно почитување на поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација.

На пешаците, им беа поделени летоци и друг едукативен материјал, изработен во соработка со РСБСП, со низа практични совети за безбедно преминување на коловоз кои водат кон јакнење на личната но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.