22/11/2024
Охрид

И основците од ОУ „Братство – Единство“ со поддршка за другарчињата со ретки болести

Денес во ОУ „Братство – Единство“ одделенскиот час беше посветен на Денот на ретките болести. Одделенските раководители со своите ученици во паралелката одржаа предавања и работилници со цел да се приклучат кон кампањата за одбележување на Денот на ретките болести.

Учениците од V- 4 одделение при ОУ „Братство – Единство“, заедно со својот одделенски раководител Мирјана Карамешиноска, инклузивниот дефектолог Наташа Илоска и психолог во училиштето, Стојна Таноска изработија хамери и отпечатоци со боите на логото за Денот на ретките болести и најавија вклучување во маршот закажан за 28.02.2018 година.

Со нашата поддршка, заедно ќе го обоиме месецот февруари со боите на ретките болести.