Ифтарска вечера под покровителство на градоначалникот Георгиески
Во духот на меѓусебното почитување, толеранција и соживот, градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески, вечерва на Градскиот плоштад „Чинар” приреди Ифтарска вечера за граѓаните со муслиманска веросиповед.
Оваа манифестација во покровителство на градоначалникот се организира традиционално неколку години наназад со цел да ги зајакне односите помеѓу охриѓани и да испрати порака за хуманост и солидарност.
Наредната седмица завршува Рамазанскиот пост, а муслиманските верници ќе го прослават големиот празник Рамазан Бајрам во вторник на 4-ти јуни 2019 година.