Игор Крцоски ги најави предвидените проекти за развој на општина Дебрца 2021-2025
Кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Игор Крцоски – Манце, од редовите на СДСМ, ги најави предвидените проекти за развој на општина Дебрца во периодот од 2021 до 2025 година.
Топ проекти предвидени во нашата програма за работа и развој на општина Дебрца за периодот од 2021 до 2025 година:
ЗЕЛЕНА АГЕНДА ЗА ДЕБРЦА
Во рамките на овој проект ќе се работи на 3 поголеми фронтови и тоа:
Комунална сфера
-јакнење на капацитетите на комуналното претпријатие самоуправа
-чистење на диви депонии и нивно трајно решавање
-набавка на механизација за одржување на канализациона мрежа
-набавка за садови за комунален отпад на ниво на цело општина
-набавка на цистерна за миење и чистење улици, плоштади
-модернизација на возилата за комунална хигиена
-уредување на централни селски подрачја со зеленило, и нивно редовно одржување
Алтернативни и обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност
-стратегија за енергетска ефикасност
-влог во енергетско-ефикасни објекти
-субвенции за замена на столарија, енергетско-ефикасни фасади, поставување фотоволтаици
-обуки за енергетска ефикасност
-воспоставување систем за рециклирање
Органско производство
-помош и поддршка за производителите на органски производи
-уредување и санација на полски патишта за пристап до земјоделски површини
-поддршка за набавка на механизација
-награда за најдобар млад земјоделец
ДЕБРЦА-ДЕСТИНАЦИЈА ЗА АЛТЕРНАТИВЕН ТУРИЗАМ
Стратегија за алтернативен туризам
Развој на промотивни материјали
Пилотирање проекти за алтернативен туризам
-мапирање и поставување сигнализација за планински патеки, вело-патеки, патеки за мото-крос…
ДЕБРЦА ВО ЕКОНОМСКИ ПОДЕМ
Изнајмување-субвенционирање за изнајмување на локал тезги во пазарите во Охрид/Струга за пласман на производи
Помош при брендирање и е-продажба на производи (ајвар,мед..)
Воспоставување соработка со иселеници
-годишен економски форум
-јавно-приватно партнерство
–правна помош за воспоставување бизнис
МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ-ДВИЖЕЧКА СИЛА ВО ДЕБРЦА
Интензивирање на соработка
Е-заедница
Воспоставување на форуми во зедницата како алатка за зајакнување на демократско владеење на локалната самоуправа
Поддршка и зајакнување на работата на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови): групи за развој и имплементација на мали рурални проекти
#Заокружи12 за најдобрите проекти за развој на Дебрца! – истакна Крцоски.