Илија Несторовски потпиша за Удинезе
Илија Несторовски потпиша тригодишен договор со Удинезе, со можност за продолжување на уште една (четврта) година. Откако истече неговиот договор со Палермо, од сите добиени понуди, 29-годишниот македонски репрезентативец се одлучи да ја прифати најдобрата понуда од Удинезе и да остане во Италија.
Несторовски својата кариера ја започна во Победа во неговиот роден град Прилеп, потоа замина во Чешка каде играше за тимовите на Словачко и Викторија Жижков. Тој повторно се врати во Македонија во тимот на Металург во сезоната 2011/2012, а во 2013/2014 потпиша со хрватскиот клуб Интер Запрешич, каде остана 3 сезони и на 90 официјални натпревари постигна 69 голови. Веднаш потоа, Несторовски потпиша за Палермо кога клубот играше во Серија А во сезоната 2016/2017. На вкупно 94 официјални натпревари Илија постигна 38 голови за Палермо.
WebOhrid