22/11/2024
Македонија

Илинден неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (“Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 2 август 2018 година (четврток), Денот на Републиката, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на Републиката.