Илинден неработен ден за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (“Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 2 август 2019 година (петок), Денот на Републиката, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Северна Македонија им го честита Денот на Републиката.