Илинден одбележан и во Мешеишта
Празникот Илинден денес се одбележа и во Мешеишта. Многу верници од Мешеишта, од околните села, но и од надвор го посетија манастирот Св. пророк Илија на планината Илинче во Мешеишта.
За верниците беше даден и ручек од страна на Црквата, а прославата беше збогатена со добра македонска народна музика.
За многу години!