27/11/2024
Охрид

„Илинден“ со дупчење проверува колку е стабилно тлото за изградба на згради

Согласно законот, пред секој почеток на нова градба, изведувачот мора да има потврда дека тлото врз кое гради е здраво и погодно за градење. Од тие причини, претходно мора да се атестира тлото и со стручна анализа да се утврди дали може и какви згради да никнат на тоа место.

Токму со ваква цел се и активностите на огромните дупчалки од А.Д. „Илинден“, кои деновиве ја проценуваат здравата средина, односно подлогата врз која ќе може или нема да може да се гради.

Според Деталниот Урбанистички План, на овој простор се предвидува продолжение на улицата „Партизанска“, а во делот на бараките „Трудбеник“ предвидени се хотелски комплекси, објекти за времено сместување, како и заштитно зеленило.

Детален Урбанистички План УЗ17 УБ17.4 бараки Трудбеник

WebOhrid