Илинденска честитка од ОО на СДСМ Охрид
ОО на СДСМ Охрид упатува честитка по повод празникот Илинден.
„Упатуваме искрени честитки до сите граѓани на Охрид и Република Северна Македонија по повод 2 Август – Денот на Републиката.
Денес го славиме споменот на нашите храбри илинденски генерации и им оддаваме почит за нивната борба и стремеж за слободна и сопствена држава. Овој голем празник е симбол на македонскиот непокор и доказ за силниот македонски идеал.
Преку цврсто заедништво и волја, по стапките на славните херои од двата Илиндени, ја продолжуваме борбата за поголем просперитет, економски напредок, рамо до рамо со сите европски држави.
Нека ни е честит и вековит Илинден!“ – стои во честитката од ОО на СДСМ Охрид.