29/11/2024
Охрид

„Име„ Програмата и ЕСА Охрид: Како до подолга сезона, успешна продажба и закуп на сместување вон сезона

ИМЕ програмата и ЕСА Охрид имаат чест да ве поканат на работилницата “Како до подолга сезона, успешна продажба и закуп на сместување вон сезона ” која ќе се одржи на 23 и 24 јануари 2017 година, во Хотел Милениум во Охрид, каде презентер ќе биде г-динот Албион Идризи.

Темите на оваа работилница ќе ви овозможат подобро да ги користите продажните и дистрибутивните канали со цел да ја зголемите продажбата на вашиот сместувачки капацитет преку целата година.

За оваа обука имавме можност да го повикаме г-динот Албион Идризи, претприемач со 22 годишно работно искуство во Германија и Косово. Г-динот Идризи успешно води и раководи компании во туристичката индустрија на Косово и работи како консултант за локални и меѓународни организации во туризмот. Повеќе за обуката и неговото искуство ќе најдете во агендата која ви ја приложуваме.

Зголемување на пазарната вработливост (IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементирана од Swisscontact која од 2015 година работи на зајакнување на секторот туризам и угостителство во Македонија. Тоа го правиме преку подобрување на квалитетот на производите и услугите кои се нудат и проширување на пазарите во три дестинации: Охрид, Крушево и Маврово. Оваа година дел од нашите активнпости ќе бидат посветени кон зајакнување на понудата на сместувачките капацитети.

ИМЕ прогрмата ги покрива 90% од трошоците за оваа дводневна работилница, а Вашиот придонес изнесува 1,000 МКД. Ве молам, доколку сте заинтересирани за оваа работилница, потврдата за вашето учество да ја пратите на Мимоза Поповска е-mail esaoh@t.mk најдоцна до 18.01.2017, а потоа ќе добиете информација за начинот на уплата.

ПРОГРАМА (pdf)