„Импровокација“ во петок пред охридската публика
Во петок (24 ноември) од 20:00 часот ќе биде изведено четвртото шоу од третата сезона на популарната театарска импровизација Импровокација во добро познатата „ќерал” сцена на Народен Театар Охрид.
Картите за шоуто во продажба ќе бидат пуштени денеска, 20-ти ноември, точно на пладне, во музичката Продавница Зизи Топ.
Цена на картите 150 денари и 200 денари на денот на шоуто.
Исто така, карти може да се резервираат и на телефонскиот број 075283066 одИм 11.00-15.00 часот.
Биди дел од (р)еволуцијата, гледај ИМПРОВОКАЦИЈА!
Шоуто не е наменето за лицапомлади од 16 години!